Ставање/вадење на вреќичката за отпад или ќесата за прав (всисување на суви материи) (види слики D1D2)

За всисување на суви материјали во согласност со класата на прав M мора да ставите вреќичка за отпад (25) или ќесата за прав.

Доколку се всисаат материјали без или со гранична вредност на изложеност ≥ 1 mg/m3 (во согласност со класата на прав L), може да се всисаат директно во контејнерот.

Напомена: Доколку користите хартиена филтер вреќичка мора, а при користење на платнена филтер вреќичка треба да го исклучите автоматското чистење на филтерот (AFC) види Автоматско чистење на филтерот (види слика H).

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Всисувачот содржи прав што е опасна по здравјето. Празнењето и одржувањето, како и вадењето на контејнерот за собирање прав смее да се врши само од страна на стручен персонал. Потребна е соодветна заштитна опрема. Не го користете всисувачот без комплетниот и внимателно вметнат филтерски систем. Инаку го загрозувате вашето здравје.

  • Отворете ги затворачите (13) и извадете го горниот дел на всисувачот (12).
  • Ставете ја вреќичката за отпад (25) со отворот за полнење нанапред во контејнерот (1).
  • Навлечете го отворот за полнење на приклучната прирабница до крај.
  • Проверете дали вреќичката за отпад (25) целосно лежи на внатрешните ѕидови на контејнерот (1).
  • Наместете го остатокот од вреќичката за отпад (25) над површината на контејнерот (1).
  • Вметнете го горниот дел на всисувачот (12) и затворете ги затворачите (13).

  • Отворете ги затворачите (13) и извадете го горниот дел на всисувачот (12).
  • Извлечете ја полната вреќичка за отпад (25) од приклучната прирабница наназад.
  • Внимателно извадете ја вреќичка за отпад (25), од садот (1) без да ја оштетите.
    Внимавајте на тоа, вреќичката за отпад да не стрчи на приклучната прирабница или на другите остри предмети.
  • Извлечете го капакот со лепливи ленти и залепете ја вреќичката за отпад.
    Потоа прикачете ја вреќичката за отпад (25) под отворот за полнење со извадениот капак со лепливи ленти.

  • Отворете ги затворачите (13) и извадете го горниот дел на всисувачот (12).
  • Извлечете ја полната ќеса за прав наназад од приклучната прирабница. Затворете го отворот на ќесата за прав со затворање на капакот. Извадете ја затворената ќеса за прав од садот (1).
  • Наместете ја новата ќеса за прав на приклучната прирабница на всисувачот. Проверете дали ќесата за прав по целата должина налегнува на внатрешниот ѕид од садот (1).
  • Вметнете го горниот дел на всисувачот (12) и затворете ги затворачите (13).