Полнење на магацинот (види слики A1A4)

Користете само оригинална Bosch-опрема. Прецизните делови на електричниот алат како магацинот, отворот и каналот за пукање се прилагодени на хефт-иглиците, шајките и клинците на Bosch. Другите производители употребуваат друг квалитет на челик и димензии.

Напомена: Користете ја само муницијата наведена во табелата „Технички податоци“.

Користењето на недозволена муниција може да го оштети електричниот апарат и да предизвика повреди.

За време на полнењето муниција, држете го електричниот алат така што отворот (18) нема да биде насочен ниту кон Вашето тело ниту кон други лица.

Напомена: Електронската контрола детектира дали има шајки во магацинот. Ако се притисне осигурувачот за активирање кога магацинот е празен, нема да се активира процесот за набивање. Така, се спречува пукање во празно.

Напомена: Лизгачот на магацинот мора да се врати назад без многу сила (само со силата на прстот). Заглавениот лизгач на магацинот ги има следните ефекти: Шајката не се исфрла, шајката се заглавува во каналот за пукање (види заглавување ) или шајката се исфрла под погрешен агол.

Напомена: Не допуштајте лизгачот на магацинот да се затвора без контрола. Притоа лизгачот на магацинот може да се оштети и постои опасност да ги згмечите прстите.