Полнење на магацинот (види слики A1A3)

Користете само оригинална Bosch-опрема. Прецизните делови на електричниот алат како магацинот, отворот и каналот за пукање се прилагодени на хефт-иглиците, шајките и клинците на Bosch. Другите производители употребуваат друг квалитет на челик и димензии.

Напомена: Користете ја само муницијата наведена во табелата „Технички податоци“.

Користењето на недозволена муниција може да го оштети електричниот апарат и да предизвика повреди.

За време на полнењето муниција, држете го електричниот алат така што отворот (15) нема да биде насочен ниту кон Вашето тело ниту кон други лица.

Напомена: Електронската контрола открива дали има хефт-иглички во магацинот. Ако се притисне осигурувачот за активирање кога магацинот е празен, не се активира процесот на набивање. Така се спречува испукување во празно.

Напомена: Лизгачот на магацинот мора да се врати назад без многу сила (само со силата на прстот). Ако лизгачот на магацинот се заглави, тогаш може: хефт-игличките да не се исфрлат, да се заглават во каналот за исфрлање (види блокада) или да се исфрлат под погрешен агол.