Безбедносни напомени
Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Чувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина.
- Оваа облека не е предвидена за употреба од деца и лица со ограничени физички, сензорни или ментални способности или со недоволно искуство и знаење.
Оваа облека може да ја користат деца над 8 години како и лица со ограничени физички, сензорни и ментални способности или со недоволно искуство и знаење, доколку се под надзор од лица одговорни за нивната безбедност или се подучени за безбедно ракување со облеката и ги разбираат опасностите кои може да произлезат од тоа. Инаку постои опасност од погрешна употреба и повреди.
- Не ги оставајте децата без надзор. Така ќе се осигурате дека децата нема да си играат со облеката.
- Не ги оставајте децата без надзор за време на чистењето или одржувањето на облеката.
- Доколку забележите некои од подолу наведените симптоми додека ја носите облеката, веднаш соблечете ја и консултирајте се со лекар. Инаку постои опасност од топлотно исцрпување или топлотен удар.
Првични знаци: каква било непријатност; прекумерно потење; болка во вратот; гадење; вртоглавица или зашеметеност
можни симптоми за топлотно исцрпување/топлотен удар: мачнина и повраќање; пулсирачки главоболки; вртоглавица и зашеметеност; недостаток на потење; црвена, топла и сува кожа; слабост во мускулите или напади; забрзано чукање на срцето; забрзано, површно дишење, промена во однесувањето како збунетост, дезориентација или некоординирани движења; несвесност.
- Не ја носете облеката доколку патите од осетливост при препотување, или ви е вградено медицинско помагало. Информирајте се кај Вашиот лекар/и или кај произведувачот на медицинско помагало, дали смеете да ја употребувате оваа облека за одржување на топлината.
- Исклучете го греењето на облеката, доколку се движите во топла околина. Постои опасност од топлотен удар.
- Не ја користете облеката за одржување на топлината кај мали деца, беспомошни, лица што спијат или кај несвесни лица, или пак, кај лица со проблеми со циркулација. Носителот мора самостојно да ја почувствува температурата на облеката и сопствената удобност, за да избегне претоплување.
- Облеката не е наменета за користење во болнички установи.
- Не забодувајте игли или други остри предмети во облеката. Оштетениот греен елемент или кабел на приклучокот предизвикува погрешна функција на облеката и ја зголемува опасноста од електричен удар или пожар.
- Не го употребувајте кабелот на приклучокот за друга намена освен предвидената како на пр. за носење или влечење на облеката или за вадење на батеријата. Држете го кабелот подалеку од масло, остри предмети или подвижни компоненти. Не го виткајте кабелот. Оштетениот греен елемент или кабел на приклучокот предизвикува дефектно функционирање на облеката и ја зголемува опасноста од електричен удар или пожар.
- Облеката не е отпорна на вода. Доколку навлезе вода, се зголемува опасноста од електричен удар. Доколку сепак се намокри облеката, веднаш исклучете ја батеријата и извадете ја од батерискиот адаптер.
- Не ја превиткувајте загреаната облека и не ставајте предмети на неа. Оштетениот греен елемент или кабел на приклучокот предизвикува погрешна функција на облеката и ја зголемува опасноста од електричен удар или пожар.
- Внимавајте на упатствата за нега и чистење на облеката. При недоволна грижа постои опасност од електричен удар или пожар.
- Оставете ја облеката целосно да се излади, пред да ја складирате.
- Редовно проверувајте дали облеката има знаци на абење или оштетување. Доколку постојат такви знаци или облеката неправилно се користи, не продолжувајте со нејзино користење и вратете ја кај дистрибутерот.
- Поправката на Вашата облека смее да биде извршена само од страна на квалификуван стручен персонал и само со користење на оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе се осигура безбедноста на облеката.
- Не ја модифицирајте работната облека што може да се загрева. Грејните елементи не смеат да се поместуваат.
- Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.
- При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
- При погрешно користење или при оштетена батерија може да истече запалива течност од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете со вода. Доколку течноста дојде во контакт со очите, побарајте лекарска помош. Истечената течност од батеријата може да предизвика кожни иритации или изгореници.
- Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
- Неупотребената батерија држете ја подалеку од канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари, клинци, завртки или други мали метални предмети, што може да предизвикаат премостување на контактите. Краток спој меѓу контактите на батеријата може да предизвика изгореници или пожар.
- Користете ја батеријата само во производи од производителот. Само на тој начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување.
- Батериите полнете ги со полначи што се препорачани исклучиво од производителот. Доколку полначот за кој се наменети одреден вид на батерии, се користи со други батерии, постои опасност од пожар.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, оган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој. |
- Заштитете ја облеката од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, оган, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија.
- ВНИМАНИЕ! Користете ги исклучиво батериите препорачани во „Технички податоци“. При користење на други батерии постои опасност од експлозија.
- Не ја ставајте батеријата во батерискиот адаптер, доколку копчињата за отклучување се скршени или дефектни. Батеријата би можела да испадне за време на употребата.
- Внимавајте на напомените за отстранување на батериите.