Напојување со енергија
Камерата за проверка може да се користи или со обични батерии или со литиум-јонски батерии од Bosch.
Работење со адаптер за батерии (види слика A)
Батериите се ставаат во батерискиот адаптер.
- Батерискиот адаптер е наменет исклучиво за предвидената камера за проверка на Bosch и не смее да се користи со електрични алати.
За вметнување на батериите ставете ја обвивката (26) на батерискиот адаптер во отворот (28). Ставете ги батериите според сликата на капачето за затворање (27) во обвивката. Ставете го капачето за затворање над обвивката, додека не се вклопи правилно и не легне рамно со дршката на камерата за проверка.
За вадење на батериите притиснете на копчињата за отклучување (18) на капачето за затворање (27) и повлечете го. Извлечете ја ставената обвивка (26) од отворот (28).
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од еден производител и со ист капацитет.
- Извадете ги батериите од камерата за проверка, доколку не ја користите подолго време. Доколку се подолго време складирани, батериите може да кородираат и да се испразнат.
Работење со батерија (види слика B)
- Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија за Вашата камера за проверка.
Напомена: Користењето на батерии несоодветни за вашата камера за проверка може да доведе до погрешно функционирање или до оштетување на камерата за проверка.
Напомена: Батеријата се испорачува делумно наполнета. За да обезбедите максимален капацитет на батеријата, пред првата употреба наполнете ја целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот при полнењето не ѝ наштетува на батеријата.
За ставање на наполнетата акумулаторска батерија (17) ставете ја во отворот (28), додека не се вклопи правилно и не легне рамно со дршката на камерата за проверка.
За вадење на батеријата (17) притиснете на копчињата за отклучување (18) и извлечете ја акумулаторска батерија од отворот (28). Притоа не употребувајте сила.