Совети при работењето
- Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
- Доколку се блокира сечилото за пила, исклучете го електричниот алат.
- При обработка на мали или тенки парчиња, секогаш користете стабилна подлога.
Пред сечењето во дрво, шперплочи, градежни материјали итн. проверете дали на нив има туѓи тела како на пр. клинци, шрафови и сл. и доколку има, отстранете ги.
Убодната пила главно е дизајнирана за вршење заболени засеци. Во Bosch-асортиманот се вклучени и додатоци кои овозможуваат право сечење или кружно сечење (во зависност од моделот на убодната пила на пр. паралелен граничник, шина-водилка или кружен секач).
При работата рачните убодни пили може да „го изгубат правецот“, што значи дека аголот и прецизноста на сечењето ќе бидат намалени. Одлучувачки фактори кои влијаат на прецизноста се дебелината на сечилото на пилата, должината на сечењето и густината и дебелината на материјалот на делот што се обработува.
Затоа, секогаш треба со пробни засеци да проверувате дали резултатот од сечењето на избраниот систем одговара на вашите барања на примена.
- Смеат да се обработуваат само меки материјали како дрво, гипс картон и сл. при сечење со вдлабнување!
За сечење со вдлабнување користете само кратки сечила за пила. Сечењата со вдлабнување се можни само со агол на закосување од 0°.
Поставете го електричниот алат со предниот раб на основната плоча (12) на делот што се обработува, без сечилото за пила (17) да го допира делот што се обработува и вклучете го. Кај електричните алати со контрола на бројот на удари, поставете го максималниот број на работни одови. Притиснете го електричниот алат на делот што се обработува и оставете го сечилото за пила полека да се вдлабне во делот што се обработува.
Штом основната плоча (12) целосно ќе налегне на површината на делот што се обработува, продолжете да сечење по должина на линијата.
За работење со паралелен граничник со кружен отсекувач (27) (опрема) дебелината на делот што се обработува треба да изнесува максимално 30 mm.
Паралелно сечење (види слика J): Олабавете ја завртката за подесување (26) и вметнете ја скалата на паралелниот граничник низ водилката (25) во основната плоча. Поставете ја саканата ширина на резот како вредност на скалата на внатрешниот раб на основната плоча. Зацврстете ја завртката за фиксирање (26).
Кружно сечење (види слика K): На линијата за сечење во кругот што треба да се исече издупчете дупка, што е доволна за вметнување на сечилото за пила. Обработете го издупчувањето со глодалка или турпија, за да може сечилото рамно да легне на линијата за сечење.
Ставете ја завртката за фиксирање (26) на другата страна од паралелниот граничник. Вметнете ја скалата од паралелниот граничник низ водилката (25) во основната плоча. Во средината на делот за обработка во отворот што треба да се исече издупчете дупка. Поставете го врвот за центрирање (28) низ внатрешниот отвор на паралелниот граничник во издупчената дупка. Поставете го радиусот како вредност на скалата на внатрешниот раб на основната плоча. Зацврстете ја завртката за фиксирање (26).