Подесување на граничникот подеслив по висина
Со граничникот подеслив по висина (9) може да го утврдите растојанието помеѓу горната страна на делот што се обработува и жлебот што треба да се изглода.
За монтажа на граничникот подеслив по висина (9) поставете го истиот на аголниот граничник (18) и свртете го со вртливото копче (8) во водилката на аголниот граничник.
Напомена: при монтажата не употребувајте сила! Доколку е во правилна позиција, граничникот (9) може лесно да се поместува.
Со помош на вртливото копче (8) поставете го саканото растојание на висинската скала (4). Потоа затегнете го затегнувачкиот лост (12).
За да се позиционира жлебот во средината на делот што се обработува, мора да го поставите граничникот подеслив по висина на половина од дебелината на делот што се обработува.
Пример: При 18 mm дебелина на делот што се обработува, поставете ја висинската скала на 9 mm.
За да го извадите граничникот подеслив по висина (9) олабавете го затегнувачкиот лост (12) и одвртете го граничникот со вртливото копче (8) нагоре од аголниот граничник (18).