Информации за бучава/вибрации
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 60745-2-19.
Нивото на звук на електричниот алат оценето со А типично изнесува: ниво на звучен притисок 80 dB(A); ниво на звучна јачина 91 dB(A). Несигурност K = 3 dB.
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации ah (векторски збир на три насоки) и несигурност K дадени се во согласност со EN 60745-2-19:
ah < 2,5 m/s2, K = 1,5 m/s2.
Нивото на вибрации наведенo во овие упатства е измеренo со нормирана постапка за мерење и може да се користи за меѓусебна споредба на електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на оптоварувањето со вибрации.
Наведеното ниво на вибрации е за главната примена на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова може значително да го зголеми оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење.
За прецизно одредување на оптоварувањето со вибрации, треба да се земе предвид и периодот во кој уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како на пр.: одржувајте ги внимателно електричните алати и алатите за вметнување, одржувајте ја топлината на дланките, организирајте го текот на работата.