Совети при работењето
- За обележување користете ја секогаш средината на ласерската точка одн. ласерската линија. Големината на ласерската точка одн. ширината на ласерската линија се менува согласно растојанието.
Со помош на ротациониот држач (18) може да го вртите мерниот уред околу централната и секогаш видливата точка на вертикалата за 200°. Со тоа се усогласуваат ласерските линии, без да ја промените позицијата на мерниот уред.
Со завртката за фино подесување (19) можете да усогласите вертикални ласерски линии точно на референтните точки.
Поставете го мерниот уред со водечкиот жлеб (7) на шината водилка (17) на ротациониот држач (18) и притиснете го мерниот уред до крај на платформата.
За да го извадите, извлечете го мерниот уред во обратен правец од ротациониот држач.
Можности за позиционирање на ротациониот држач:
- во исправена положба на рамна површина,
- прицврстен на вертикална површина,
- со помош на магнет (20) на метални површини,
- поврзана со таванска стега (21) на метални тавански лајсни.
- Држете ги прстите подалеку од задниот дел на магнетната опрема кога ја прикачувате на површините. Поради јаката сила на влечење на магнетите, Вашите прсти може да се заглават.
Грубо центрирајте го ротациониот држач (18), пред да го вклучите мерниот уред.
Целната табла за ласерот (24) ја подобрува видливоста на ласерскиот зрак при неповолни услови и големи растојанија.
Рефлектирачката површина на целната табла на ласерот (24) ја подобрува видливоста на ласерската линија, низ транспарентната површина ласерската линија е видлива и од задната страна на целната табла на ласерот.
Стативот овозможува стабилна мерна подлога што може да се подесува по висина. Поставете го мерниот уред со 1/4"-прифатот на стативот (6) на навојот на стативот (27) или обичен фото статив. Зацврстете го мерниот уред со завртка за фиксирање на стативот.
Грубо центрирајте го стативот, пред да го вклучите мерниот уред.
Со помош на универзалниот држач (22) може да го прицврстите мерниот уред на пр. на вертикални површини или магнетизирани материјали. Универзалниот држач и исто така погоден и како поден статив и го олеснува подесувањето по висина на мерниот уред.
- Држете ги прстите подалеку од задниот дел на магнетната опрема кога ја прикачувате на површините. Поради јаката сила на влечење на магнетите, Вашите прсти може да се заглават.
Грубо центрирајте го универзалниот држач (22), пред да го вклучите мерниот уред.
Со помош на држачот (23) можете да го прицврстите мерниот уред или магнетибилните материјали на вертикални површини. Во комбинација со стегата за плафон (21) мерниот уред може да се израмни и во висина.
- Држете ги прстите подалеку од задниот дел на магнетната опрема кога ја прикачувате на површините. Поради јаката сила на влечење на магнетите, Вашите прсти може да се заглават.
Грубо центрирајте го држачот (23) пред да го вклучите мерниот уред.
Ласерските заштитни очила ја филтрираат околната светлина. На тој начин светлото на ласерот изгледа посветло за окото.
- Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како заштитни очила. Ласерските заштитни очила служат за подобро распознавање на ласерскиот зрак; сепак, тие не штитат од ласерското зрачење.
- Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како очила за сонце или пак во сообраќајот. Ласерските очила не даваат целосна UV-заштита и го намалуваат препознавањето на бои.