Вшмукување на прав/струготини

Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво и минерали може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат како канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.

Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.

Сопствено всисување со кутија за прав (види слики DF)

Ставете ја и притиснете ја целосната кутија за прав (2) на млазниците за издувување (17) додека не дојде на исто ниво со алатот.

За да ја испразните кутијата за прав (18), извлечете ја целосната кутија за прав (2) од млазниците за издувување (17). Одвртете го адаптерот (19) од кутијата за прав (18) и испразнете ја.

Напомена: за да овозможите оптимално всисување прав, испразнете ја кутијата за прав (18) навремено.

При работа на вертикални површини, држете го електричниот алат така што кутијата за прав (2) ќе покажува надолу.

Надворешно всисување (види слика G)

Ставете црево за всисување (20) на млазниците за издувување (17).

Цревото за всисување (20) може да се поврзе и на корисничкиот интерфејс Click&Clean на адаптерот (19) за паралелно насочување на цревото до уредот.

Цревото за всисување (20) поврзете го со всисувач за прав. Прегледот за приклучување на различните видови на всисувачи за прав ќе го најдете на крајот од ова упатство.

Всисувачот за прашина мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува.

При всисување на честички прав кои се особено опасни по здравје, канцерогени или суви, користете специјален всисувач.

При работа на вертикални површини, држете го електричниот алат така што цревото за всисување ќе покажува надолу.

Препорачуваме да користите антистатички црева и спроводливи всисувачи. Може да користите конвенционални црева и всисувачи, но не се препорачува поради можно статичко полнење што може да доведе до благ струен удар.