Ставање во употреба

Вклучување/исклучување

За вклучување на мерниот уред притиснете на копчето за вклучување/исклучување (7).

За исклучување на мерниот уред, одново притиснете на копчето за вклучување/исклучување (7).

Доколку околу 5 мин. не се притисне копче на мерниот уред и не се откриени никакви предмети, мерниот уред автоматски се исклучува.

Вклучување/исклучување на сигналниот тон

Со копчето за сигнален тон (6) може да го вклучите и исклучите сигналниот тон. При исклучен сигнален тон, на екранот се појавува приказот за статус за сигнален тон (c).