Работење со литиум-јонски батериски пакет

Ставање/менување на литиум-јонски батериски пакет

За промена на батериите одн. NiMH-акумулаторските батерии на литиум-јонскиот батериски пакет (12) притиснете го заклучувањето (15) на преградата за батерии. Извадете го поклопецот на преградата за батерии (16) и вметнатите батерии одн. акумулаторските батерии.

Вметнете го литиум-јонскиот батериски пакет (12) и заклучете го механизмот за заклучување (11).

За да го извадите литиум-јонскиот батериски пакет (12) притиснете на механизмот за заклучување (11) и извадете го литиум-јонскиот батериски пакет од мерниот алат.

Полнење на литиум-јонскиот батериски пакет

Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.

Отворете го поклопецот на USB Type-C®-портата (13). Поврзете го USB-приклучокот во USB-мрежниот напојувач со USB-кабел (10). Поврзете го USB-мрежниот напојувач во струја.

Индикатор за промена на боја (14)

Значење

Жолта

Литиум-јонскиот батериски пакет е делумно наполнет.

Зелена

Литиум-јонскиот батериски пакет е целосно наполнет.

Црвена

Номиналниот напон или струјата за полнење не се соодветни.

Мерењата не се можни за време на процесот на полнење, бидејќи мерниот уред не може целосно да се постави на подлогата.

Кога полнењето ќе заврши, извадете го USB-кабелот (10). Затворете го капакот на USB Type-C®-портата (13) за заштита од прав и вода.