Одржување и чистење
Не го потопувајте рачниот уред (13) во вода или други течности.
Постојано одржувајте ја чистотата на камерата за проверка. Исчистете ги камерата за проверка и сите други помошни средства темелно, особено доколку сте работеле во области со супстанци опасни по здравјето.
Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не користете средства за чистење или раствори.
Особено редовно чистете ја леќата на камерата (4) и внимавајте на влакненцата.
Вметнување на копчеста батерија
Замената на копчестата батерија мора да ја изврши Bosch или овластена сервисна служба за електрични алати на Bosch.
- Внимание: Копчестата батерија секогаш заменувајте ја со копчеста батерија од ист тип. Инаку, постои опасност од експлозија.
- Прописно отстранете ги и фрлете ги испразнетите копчести батерии. Испразнетите копчести батерии може да протечат и со тоа да го оштетат производот или да повредат лица.