Напојување со енергија
Камерата за проверка може да се ракува или со Bosch литиум-јонска батерија, обични батерии или со обични NiMH-акумулаторски батерии.
Приказот за состојба на наполнетост (d) на екранот ја покажува состојбата на наполнетост на литиум-јонската акумулаторска батерија, батериите одн. NiMH-акумулаторските батерии.
Батериите одн. NiMH-акумулаторските батерии се ставаат во батерискиот адаптер.
- Батерискиот адаптер е наменет исклучиво за предвидената камера за проверка на Bosch и не смее да се користи со електрични алати.
За вметнување на батериите одн. акумулаторските батерии, ставете ја обвивката (22) на батерискиот адаптер во отворот (21). Ставете ги батериите одн. акумулаторските батерии според сликата, на капачето за затворање (24) во обвивката. Ставете го капачето за затворање над обвивката, додека не се вклопи правилно и не легне рамно со дршката на камерата за проверка.
За вадење на батериите одн. акумулаторските батерии, притиснете на копчињата за отклучување (23) на капачето за затворање (24) и повлечете го. Извлечете ја ставената обвивка (22) од отворот (21).
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од еден производител и со ист капацитет.
- Извадете ги батериите одн. акумулаторските батерии од камерата за проверка, доколку не ја користите подолго време. При подолго складирање, батериите т.е. акумулаторските батерии во камерата за проверка може да кородираат.
- Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија за Вашата камера за проверка.
Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.
За ставање на наполнетата акумулаторска батерија (14) ставете ја во отворот (21), додека не се вклопи правилно и не легне рамно со дршката на камерата за проверка.
За вадење на батеријата (14) притиснете на копчињата за отклучување (23) и извлечете ја акумулаторска батерија од отворот (21). Притоа не употребувајте сила.
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во опсег на температура од −20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот во лето.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.