Безбедносни напомени
Сите упатства треба да се прочитаат и да се внимава на нив. Доколку камерата за проверка не се користи согласно приложените инструкции, може да се наруши функцијата на вградените заштитни механизми во камерата за проверка. ДОБРО ЧУВАЈТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА.
- Kамерата за проверка смее да се поправа само од страна на квалификуван стручен персонал со оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на камерата за проверка.
- Не работете со камерата за проверка во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Камерата за проверка создава искри, кои може да ја запалат правта или пареата.
- Пред било каква интервенција на камерата за проверка (на пр. монтажа, одржување итн.) како и при транспорт и складирање, извадете ја батеријата од камерата за проверка.
- Извадете ги батериите од камерата за проверка, доколку не ја користите подолго време. При подолго складирање, батериите во камерата за проверка може да кородираат.
- Не го насочувајте зракот светлина кон лица или животни и не погледнувајте директно во него, дури ни од голема оддалеченост.
- Пред да ја употребите камерата за проверка, проверете го работното поле. Ниеден дел од камерата за проверка не смее да дојде во контакт со електрични кабли, подвижни делови или хемиски супстанци. Електричните кабли, што поминуваат во работното поле, исклучете ги од струјното коло. Овие мерки го намалуваат ризикот од експлозии, електричен удар или материјални штети.
- Носете соодветна лична заштитна опрема како заштитни очила, заштитни ракавици или заштитна маска за дишење, доколку постојат супстанци опасни по здравјето во работното поле. Каналите за одводнување или сличните области може да содржат цврсти, течни или гасовидни супстанци, кои се отровни, инфективни, имаат нагризувачко дејство или се опасни по здравјето на друг начин.
- Особено внимавајте на чистотата, доколку работите во полиња со супстанци опасни по здравјето. Не јадете за време на работата. Избегнувајте контакт со супстанци опасни по здравјето и по работата исчистете ги дланките и другите делови од телото што дошле во контакт со супстанците со топол раствор од сапун. Со тоа се намалува опасноста по здравјето.
- Не стојте во вода, доколку ја користите камерата за проверка. При работење во вода постои ризик од електричен удар.
- Не модифицирајте и отворајте ја батеријата. Постои опасност од краток спој.
- При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
- При погрешно користење или при оштетена батерија може да истече запалива течност од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете со вода. Доколку течноста дојде во контакт со очите, побарајте лекарска помош. Истечената течност од батеријата може да предизвика кожни иритации или изгореници.
- Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
- Неупотребената батерија држете ја подалеку од канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари, клинци, завртки или други мали метални предмети, што може да предизвикаат премостување на контактите. Краток спој меѓу контактите на батеријата може да предизвика изгореници или пожар.
- Користете ја батеријата само во производи од производителот. Само на тој начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување.
- Батериите полнете ги со полначи што се препорачани исклучиво од производителот. Доколку полначот за кој се наменети одреден вид на батерии, се користи со други батерии, постои опасност од пожар.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, оган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој. |
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Бидете сигурни, дека децата не доаѓаат во допир со копчестата батерија. Копчестите батерии се опасни.
- Никогаш проголтувајте ги копчестите батерии и не ставајте ги други отвори од телото. Доколку постои сомневање дека копчестата батерија е проголтана или е вметната во друг дел од телото, веднаш побарајте медицинска помош. Проголтувањето на копчеста батерија може во рок од 2 часа да доведе до сериозни внатрешни изгореници или смрт.
Не ја принесувајте магнетната опрема во близина на импланти или други медицински уреди, на пр. пејсмејкери или инсулинска пумпа. Магнетите на опремата создаваат поле кое може да ја наруши на функцијата на имплантите или на медицинските уреди. |
- Магнетната опрема држете ја подалеку од магнетски носачи на податоци и уреди чувствителни на магнет. Поради влијанието на магнетот на опремата може да дојде до неповратно губење на податоците.