Одржување и чистење
- Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
- Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
На секои 3 часа исчистете ги и подмачкајте ги втиснувачот (8) и матрицата (9).
Доколку се истрошени втиснувачот и матрицата, навреме заменете ги, бидејќи квалитетно сечење може да се постигне само со остри алати и со нега на електричниот апарат.
Втиснувачот (8) и матрицата (9) не смеат да се острат дополнително.
Менување на матрицата
Одвртете ја завртката со нарецкана глава (11) од држачот на матрицата (7). Извадете ја матрицата (9).
Доколку е потребно, исчистете го држачот на матрицата (7). Ставете нова, добро подмачкана матрица (9) во држачот на матрицата. Притоа внимавајте на израмнетоста на плоснатата страна.
Повторно навртете ја завртката со нарецкана глава (11) со вметнат гумиран прстен (10). Затегнете ја завртката со помош на клуч со внатрешна шестоаголна глава, додека не го почувствувате отпорот на гумираниот прстен (3−4 Nm).
Менување на втиснувачот
Олабавете ја завртката (4) на држачот на матрицата и извлечете го целосно држачот на матрицата (7) од куќиштето.
Вметнете го втиснувачот (8) странично во прифатот и извлечете го надолу и нанадвор.
Поставете нов, добро подмачкан втиснувач (8) во жлебот на прифатот и поставете го централно.
Поместете го внимателно држачот на матрицата (7) преку втсинувачот назад во куќиштето. Зависно од желба на правецот на сечење, свртете го држачот на матрицата во една од трите можни позиции. Добро затегнете ја завртката (4) на држачот на матрицата.