Одржување и чистење
- Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
- Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
- Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба да се замени. Се препорачува ова да се изврши од страна на сервисната служба.
- Исчистете го прифатот за алат (2) по секоја употреба.
Вметнување на копчеста батерија
Bluetooth® Low Energy Module содржи копчеста батерија.
Ако копчестата батерија е преслаба или празна, ќе бидете информирани преку Bosch Toolbox. Замената на копчестата батерија мора да се врши од Bosch или овластена сервисна служба за Bosch електрични алати.
- Внимание: Копчестата батерија секогаш заменувајте ја со копчеста батерија од ист тип. Инаку, постои опасност од експлозија.
- Прописно отстранете ги и фрлете ги испразнетите копчести батерии. Испразнетите копчести батерии може да протечат и со тоа да го оштетат производот или да повредат лица.