Бирање на аудио извор
За да го поставите изворот на аудио, притиснете го копчето за извор на аудио (13).
Достапни се следните аудио извори:
- <DAB+>: дигитално радио преку DAB+,
- <FM>: аналогно радио преку FM,
- <Bluetooth>: надворешен аудио извор (на пр. паметен телефон) со врска преку Bluetooth®,
- <Multi‑Speaker Stream>: репродукција на Multi-Speaker Stream преку поврзување со Bluetooth®,
- <AUX>: надворешен аудио извор (на пр. CD-плеер) преку 3,5 mm конектор AUX (14) во преградата за приклучок.
Актуелниот аудио извор може да се види во приказот аудио извор (e).
Ако е со соодветна големина, може да го складирате поврзаниот уред (на пр. паметен телефон) во жлебот на рачката за носење (1).
Напомена: имајте предвид дека уредите кои се премногу мали или премногу големи може да испаднат од жлебот.