Полнење на надворешни уреди преку USB-приклучок (види слика B)
Со помош на USB-приклучокот може да се наполнат повеќето уреди, чиешто напојување со енергија е возможно преку USB (на пр. различни мобилни телефони). Максималната струја за полнење изнесува 1,5 A.
Отворете го заштитното капаче на преградата за приклучок (21). Поврзете го надворешниот уред со соодветен кабел со излезниот приклучок за надворешни уреди (15) на радиото.
Радиото мора да биде вклучено за да се полнат надворешни уреди.
Заради заштита од нечистотии повторно затворете го заштитното капаче на преградата за приклучок (21), ако го отстранувате кабелот за полнење.