Одржување и чистење

Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста.

Отстранете ја насобраната прав од брусењето со четка.

Замена на метална плоча (види слика B)

Металната плоча (11) се навртува на волнен филц (12) и овозможува оптимална слика на брусењето.

Металната плоча (11) се троши во зависност од интензитетот на користење. За менување на металната плоча (11) извадете ја брусната лента (2). Одвртете ја металната плоча (11)и заменете ја.

По поставувањето на брусната лента, подесете го движењето на лентата види Замена на брусната лента (види слика A).

Замена на карбонските четки (види слика C)

Проверувајте ја должината на карбонските четки на секои 2–3 месеци и доколку е потребно заменете ги.

Никогаш не менувајте само една карбонска четка!

Напомена: Користете само карбонски четки од Bosch, кои се наменети за производот.

  • Отстранете ја завртката од дополнителниот преден поклопец (13) со крстест одвртувач. Извадете го дополнителниот поклопец.
  • Отстранете ја завртката од двете страни на поклопецот (14) со соодветен одвртувач.
  • Заменете ги карбонските четки (15) што се под притисок на пружината и повторно навртете ги поклопците.