Менување на брусните листови

Пред да ставите нов лист за брусење, отстранете ги нечистотијата и правта од брусната плоча (3), на пр. со четкичка.

За овозможување на оптимално всисување на прав, внимавајте на тоа, отворите на брусниот лист да одговараат со отворите на основната брусна плоча.

Брусни листови без леплива лента (види слики BD)

Олабавете го затезниот стремен (4) од механизмот за фиксирање и навалете го надолу.

Вметнете го брусниот лист (6) под задниот терминален блок (2). Внимавајте брусниот лист (6) да не е прекраток и да биде правилно прицврстен. Навалете го затезниот стремен (4) назад во излезната позиција и фиксирајте го таму.

Брусниот лист поставете го цврсто околу брусната плоча(3). Прицврстете го предниот дел на брусната плоча под предниот терминален блок (7). Внимавајте брусниот лист (6) да не е прекраток и да биде правилно прицврстен. Навалете го затезниот стремен (4) назад во излезната позиција и фиксирајте го таму.

Неиздупчените брусни листови, на пр. материјали во ролни или метарски материјали, може да ги издупчите со алатот за дупчење (17) за всисување на прав. Електричниот алат со монтиран брусен лист притиснете го на алатот за дупчење (види слика F).

За да го извадите брусниот лист (6) олабавете ги двата затезни стремени (4) и извлечете го брусниот лист од неговиот држач.

Избор на лист за брусење

Во согласност со материјалот што се обработува и обемот на стругање, на располагање ви се различни брусни листови:

Гранулација

За обработка на сите дрвени материјали

40 – 180

За претходно брусење, на пр. за груби нерендани греди и даски

грубо

40

За рамно брусење и израмнување на мали нерамнини

среден

80, 120

За завршно и фино брусење на цврсти дрва

фино

180

За обработка на обоени/лакирани слоеви одн. подлоги, како маса за полнење и шпахтел маса

40 – 180

За брусење на боја

грубо

40

За брусење на основната боја

среден

80, 120

За крајно брусење на основната боја пред лакирање

фино

180

За завршни работи одн. полирање особено на метал и камен, користете волнен филц/филц за полирање.

Во зависност од квалитетот на површината на делот што се обработува, користете различни видови волнени филцови одн. филцови за полирање.