Всисување на влажни материи
- Со всисувачот не всисувајте запаливи или експлозивни течности, на пр. бензин, масло, алкохол, средства за растворање. Не всисувајте жешка, запалива или експлозивна прав. Не го користете всисувачот во простории каде постои опасност од експлозија. Правта, пареата или течностите може да се запалат или да експлодираат.
- Всисувачот не смее да се користи како водена пумпа. Всисувачот е наменет за всисување на мешавини од воздух и вода.
Напомена: барањата за степен на пропустливост (класа на прав H) се утврдени само за всисување на суви материјали.
Работни чекори пред всисување на влажни материи
- По потреба отстранете ја вреќичката за отпад (27)или безбедносната филтер вреќичка (26).
Напомена: За полесно отстранување, при всисување на мешавина од вода и цврсти материјали, користете водена филтер вреќичка (опрема), која ќе ја одвои водата од цврстите материјали.
- Поставете ја гумената лента (30) во подната млазница (32).
- Исклучете го автоматското чистење на филтерот (AFC).
Всисување на течности
За да го вклучите всисувачот, поставете го прекинувачот за избирање на режими на работа (7) на симболот „всисување“.
Всисувачот е опремен со сензори за ниво на наполнетост (40). Доколку се достигне максималното ниво на наполнетост, всисувачот се исклучува. Прекинувачот за избор на начинот на работа (7) поставете го на ознаката „Исклучување“.
Напомена: При всисување на неспроводливи материјали (на пр. емулзија настаната при дупчење, масла и маснотии) всисувачот нема да се исклучи и при полн контејнер. Состојбата на наполнетост мора постојано да се проверува и контејнерот навреме да се празни.
Доколку при всисувањето на влажни материи се слушне акустичен сигнал за предупредување, безбедноста на функцијата на всисувачот не е нарушена. Нема потреба од мерки за отстранување на пречките.
- За да го исклучите всисувачот, поставете го прекинувачот за избирање на режим на работа (7) на ознаката „Исклучување“.
- При транспорт на всисувачот, завртете ги чеповите (2) на прифатот на цревото (3).
- Испразнете го садот (1).
За да се избегне создавање на мувла по всисување на влажни материи:
- Извадете го набраниот филтер (28) и оставете го добро да се исуши.
- Извадете го горниот дел на всисувачот (12), отворете го поклопецот на филтерот (39) и оставете ги добро да се осушат.