Вртење на главната рачка
- Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната дозна.
- Прекинувачот за вклучување/исклучување (3) мора да биде во позиција исклучено.
Главната рачка (32) може да се врти за 90° налево или надесно кон куќиштето на моторот. Притоа, прекинувачот за вклучување/исклучување може да се постави во поповолна позиција при изведување на посебни случаи на работа, на пр. сечење со капак за всисување со лизгачка водилка (21) или за левучари.
Притиснете ја деблокадата на дршката (33), за да ја отклучите главната рачка (32) и истовремено вртете ја главната рачка (32) во саканата позиција, додека не се вклопи.