Снабдување со енергија на мерниот уред
Ставање/менување на батерии
За работа со мерниот уред се препорачува користење на алкално-мангански батерии.
За вадење на преградата за батерии (13) свртете го механизмот за фиксирање (14) во позиција . Извлечете ја преградата за батерии од мерниот уред и ставете ги батериите.
Притоа внимавајте на половите според приказот на внатрешната страна од преградата за батерии.
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од еден производител и со ист капацитет.
Вметнете ја преградата за батерии (13) во мерниот уред и свртете го копчето за заклучување (14) во позиција .
- Ако не го користите мерниот уред подолго време, извадете ги батериите. При подолго складирање во мерниот уред, батериите може да кородираат и да се испразнат.
Приказ на состојба на наполнетост
Доколку предупредувањето за батеријата (12) трепка прво црвено, мерниот уред може да работи уште 2 h.
Доколку предупредувањето за батеријата (12) свети непрекинато црвено, не е возможно да се вршат мерења. Мерниот уред автоматски се исклучува по 1 min работа.