Начини на работа
- Пред било каква интервенција на електричниот алат извадете ја батеријата.
- Подесете ја длабочината на сечење на дебелината на делот што се обработува. Под делот што се обработува, треба да биде видливо помалку од полната висина на запците.
GKS 18V-68 GC
Со копчето за претходен избор на длабочината на резот (22) може да се подеси длабочината на резот.
GKS 18V-68 C
Со рачката за претходен избор на длабочината на резот (23) може да се подеси длабочината на резот.
За помала длабочина на сечење тргнете ја пилата од основната плоча (13), а за поголема, притиснете ја пилата кон основната плоча (13). Саканата димензија подесете ја на скалата за длабочина на сечење (17).
Најдобро е да го поставите електричниот алат на челната страна на заштитниот капак (16).
GKS 18V-68 GC
Олабавете ги лостот за подесување за аголот на косо сечење (5) и пеперутка-завртката (15). Навалете ја пилата странично. Подесете ја саканата димензија на скалата (7). Повторно затегнете ги лостот за подесување (5) и пеперутка-завртката (15).
Напомена: При сечење со закосување длабочината на сечење е помала од прикажаната вредност на скалата за подесување на длабочината на сечење (17).
GKS 18V-68 C
Олабавете ги лостот за подесување за аголот на косо сечење (5). Навалете ја пилата странично. Подесете ја саканата димензија на скалата (7). Повторно затегнете ги лостот за подесување (5).
Напомена: При сечење со закосување длабочината на сечење е помала од прикажаната вредност на скалата за подесување на длабочината на сечење (17).
GKS 18V-68 GC
Ознаката на резот 0° (8) ја прикажува позицијата на сечилото за пила при правоаголно сечење. Ознаката за сечење 45° (9) ја прикажува позицијата на сечилото за пила при сечење под 45°.
За прецизен рез поставете ја кружната пила на делот што се обработува како што е прикажано на сликата. Најдобро е да направите пробен рез.
GKS 18V-68 C
Ознаката на резот 0° (9) ја прикажува позицијата на сечилото за пила при правоаголно сечење. Ознаката за сечење 45° (8) ја прикажува позицијата на сечилото за пила при сечење под 45°.
За прецизен рез поставете ја кружната пила на делот што се обработува како што е прикажано на сликата. Најдобро е да направите пробен рез.