Монтирање на брусни алати
- Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната дозна.
- Не ги допирајте брусните плочи и дисковите за сечење додека не се оладат. Плочите за време на работењето стануваат многу жешки.
Исчистете го вретеното за брусење (4) и сите делови за монтирање.
За зацврстување и олабавување на брусните алати притиснете го копчето за блокирање на вретеното (1), за да го зацврстите вретеното за брусење.
- Притиснете го копчето за блокирање на вретеното само кога вретеното за брусење е во состојба на мирување. Инаку електричниот алат може да се оштети.
Внимавајте на димензиите на алатите за брусење. Дијаметарот на дупката мора да одговара на приклучната прирабница. Не користете адаптери или редуктори.
При употребата на дијамантските брусни плочи за сечење внимавајте на тоа, стрелката за правецот на вртење на дијамантската брусна плоча за сечење да се поклопува со правецот на вртење на електричниот алат (погледнете ја стрелката за правец на вртење на погонската глава).
Редоследот на монтажата може да се види на графичката страница.
За зацврстување на брусната плоча/дискот за сечење завртете ја затезната навртка (9) и затегнете ја со клуч со два отвора Брзозатезна навртка.
- По монтажата на алатот за брусење, пред вклучувањето, проверете дали тој е точно монтиран и дали може слободно да се врти. Проверете дали алатот за брусење не струга на заштитната хауба или другите делови.
Во приклучната прирабница (7) околу венецот за центрирање е ставен пластичен дел (O-прстен). Доколку недостига O-прстенот или е оштетен, приклучната прирабница (7) мора да се замени пред понатамошна употреба.
- При работењето со гумен диск за брусење (17) секогаш монтирајте ја заштитата за рацете (15).
Редоследот на монтажата може да се види на графичката карта.
Пред монтажата на гумен диск за брусење (17) ставете ги 2-та дистанцери (16) на вретеното за брусење (4).
Навртете ја тркалезната навртка (19) и затегнете ја со клуч со два отвори.
- При работењето со лончеста или плочеста четка секогаш монтирајте ја заштитата за рацете (15).
Редоследот на монтажата може да се види на графичката карта.
Лончестата/плочестата четка мора да се наврти на вретеното за брусење додека цврсто не налегне на прирабницата на вретеното за брусење на крајот на навојот на вретеното за брусење. Затегнете ја лончестата/плочеста четка со вилушкаст клуч.