Монтирање на сталакот за дупчење
Поставете ги столбовите на дупчалката (20) во вертикална позиција. Ставете ја долната завртка (24) (погледнете ја сликата на графичката страница). Затегнете ги долната (24) и горната завртка (21) со вилушкаст клуч (ширина на клучот 17 mm). Затегнете ја затегнувачката навртка (27) со вилушкаст клуч (ширина на клучот 24 mm).
Завртете ги трите прачки за држење на вртливиот крст (17) до крај во средишната главина на вртливиот крст.
Вртливиот крст (17) служи како рачка за поместување при дупчење.
При дупчење свртете го вртливиот крст о потреба налево или надесно до крај на запченикот за поместување (28). За да го извадите вртливиот крст, силно извлечете го.
Пред првото ставање во употреба завртете ја сопирачката за фиксирање (29) во слободниот отвор со навој на запченикот за поместување (28).
Пред да започнете со работа на сталакот за дупчење, блокирајте го поместувањето во паузите од работа или кога не го користите сталакот. За таа цел, завртете ја сопирачката за фиксирање (29).
При дупчење, олабавете ја сопирачката за фиксирање (29) додека вртливиот крст (17) не може малку да се движи. Притоа цврсто држете го вртливиот крст, за да спречите неконтролирано излизгување на електричниот алат.