Одржување и чистење
Не го потопувајте рачниот уред (1) во вода или други течности.
Постојано одржувајте ја чистотата на камерата за проверка. Исчистете ги камерата за проверка и сите други помошни средства темелно, особено доколку сте работеле во области со супстанци опасни по здравјето.
Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не користете средства за чистење или раствори.
Особено редовно чистете ја леќата на камерата (16) и внимавајте на влакненцата.