Всисување на влажни материи
- Со всисувачот не всисувајте запаливи или експлозивни течности, на пр. бензин, масло, алкохол, средства за растворање. Не всисувајте жешка, запалива или експлозивна прав. Не го користете всисувачот во простории каде постои опасност од експлозија. Правта, пареата или течностите може да се запалат или да експлодираат.
- Всисувачот не смее да се користи како водена пумпа. Всисувачот е наменет за всисување на мешавини од воздух и вода.
Напомена: Барањето за степен на пропустливост (класа на прав M) е утврдено само за всисување на суви материјали.
Испразнете го садот (1) и извадете ја платнената филтер вреќичка (36).
Проверете го сензорот за ниво на наполнетост (46) да не има нечистотии. Само сензорот за нивото на наполнетост овозможува всисувачот да се исклучи автоматски кога садот е полн види Чистење на сензорот за ниво на наполнетост (види слики P−Q).
- Автоматското чистење на филтерот мора да се деактивира при влажно всисување.
Притиснете го копчето за автоматско чистење на филтерот (10), за да го активирате рачното чистење на филтерот види Рачно чистење на филтерот. Така, автоматското чистење на филтерот се деактивира и LED приказот A (5) се гаси.
Веднаш исклучете го всисувачот, доколку почне да излегува пена или вода и испразнете го контејнерот. Инаку всисувачот може да се оштети.
За вклучување на всисувачот, свртете го главниот прекинувач (2) во позиција 1.
Всисувачот е опремен со сензори за ниво на наполнетост (46). Кога ќе се достигне максималното ниво на наполнетост, всисувачот автоматски се исклучува и двата LED прикази A (5) и M (6) трепкаат истовремено еднаш во секунда. Заштитата од рестартирање се активира и може да се деактивира со еднократно вклучување/исклучување на всисувачот.
Напомена: Редовно проверувајте го нивото на наполнетост и испразнете го садот навреме. Ако се слушне предупредувачки сигнал за време на влажно всисување, не треба да се преземе никакво дејство. Работната безбедност на всисувачот не е нарушена.
За исклучување на всисувачот, свртете го главниот прекинувач (2) во позиција 0.
Фатете го садот (1) на задниот дел за фаќање (25) и завртете го нанапред за да ја испразните течноста.
Исчистете го сензорот за нивото на наполнетост по секое влажно всисување (46) види Чистење на сензорот за ниво на наполнетост (види слики P−Q).
За да се избегне создавање на мувла по всисување на влажни материи:
- Извадете го набраниот филтер (37) и оставете го добро да се исуши.
- Извадете го горниот дел на всисувачот (16), отворете го поклопецот на филтерот (43) и оставете ги добро да се осушат.