Совети при работењето
- Електричниот алат со активиран Bluetooth® Low Energy Module GCY 30-4 (опрема) е опремен со радио-интерфејс. Треба да се внимава на локалните оперативни ограничувања, на пр. во авиони или во болници.
- Електричниот алат ставете го на завртката само доколку е исклучен. Доколку алатите што се вметнуваат се вклучени и се вртат, тие може да се превртат.
За да го извадите битот за одвртувачот или универзалниот држач за битови, може да користите помошен алат.
Држач за појас
Со држачот за појас (10) може да го закачите електричниот алат на пр. на ремен. Така двете дланки ќе ви бидат слободни, а електричниот алат ќе го имате на дофат во секое време.