Зачувување/пренесување на снимки 

Фотографирање

Притиснете го копчето за Фотографирање (12), за да направите фотографија од актуелниот екран. Фотографиите се зачувуваат во внатрешната меморија на камерата за проверка и може да се пренесуваат преку USB Type-C®.

Пренос на податоци преку USB Type-C® конектор

За пренос на податоци преку USB Type-C®, вклучете ја камерата за проверка. Отворете го поклопецот на USB Type-C®-портата (17). Поврзете ја USB Type-C®-портата со USB Type‑C®-кабел (18) со вашиот компјутер.

На вашиот компјутер отворете го пребарувачот за податоци и изберете ја податочната единица Bosch_GIC. Зачуваните датотеки може да се ископираат, поместат или избришат од внатрешната меморија на камерата за проверка на вашиот компјутер.

Штом е завршена саканата постапка, нормално извадете ја податочната единица.

Напомена: секогаш прво одјавете ја податочната единица од оперативниот систем на компјутерот (извади ја податочната единица), бидејќи во спротивно може да се оштети внатрешната меморија на камерата за проверка.

Отстранете го USB Type-C® кабелот (камерата за проверка автоматски се исклучува). Затворете го горниот поклопец (16) за заштита од прав и вода.

Напомена: поврзете ја камерата за проверка со компјутер само преку USB Type-C® интерфејсот. Камерата за проверка може да се оштети доколку ја приклучите на други уреди.

Напомена: USB Type-C® конекторот служи исклучиво за пренос на податоци, а батерии или други уреди не можат да се полнат преку него.