Безбедносни напомени за магнетни дупчалки

Не го принесувајте магнетот во близина на импланти или други медицински уреди, на пр. пејсмејкери или инсулинска пумпа. Магнетот создава поле, кое може да ја наруши функцијата на имплантите или медицинските уреди.

  • Приклучете го електричниот уред на прописно заземјена струјна мрежа. Приклучницата и продолжниот кабел мора да имаат функционален заштитен проводник.

Не го насочувајте ласерскиот зрак кон лица или животни и немојте и Вие самите да гледате во директниот или рефлектирачкиот ласерски зрак. Така може да ги заслепите лицата, да предизвикате несреќи или да ги оштетите очите.