Ставање во употреба

Вклучување/исклучување

За вклучување на мерниот уред притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување (4) во позиција ON. Веднаш по вклучувањето, мерниот уред испраќа ласерска линија од горниот излезен отвор (5).

За исклучување на мерниот уред притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (4) во позиција OFF. При исклучување, осцилирачката единица се блокира.

Доколку температурата на мерниот уред со приближува до највисоката дозволена оперативна температура, светлоста на ласерските линии полека се намалува.

Ако се надмине максималната дозволена работна температура, ласерските линии трепкаат брзо едноподруго, по што мерниот уред се исклучува. Откако ќе се олади, мерниот уред е повторно подготвен за работа и може одново да се вклучи.

Деактивирање на автоматиката за исклучување

Доколку околу 120 min не се притисне ниедно копче на мерниот уред, тој се исклучува автоматски заради заштита на акумулаторските батерии одн. батериите.

За да го вклучите мерниот уред веднаш по автоматското исклучување, можете или најпрво да го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (4) во позиција OFF и потоа повторно да го вклучите мерниот уред, или да притиснете на некое од копчињата за режим на работа на ласерот (1).

За да ја деактивирате автоматиката за исклучување, држете (при вклучен мерен уред) притиснато едно од копчињата за режим на работа на ласерот (1) најмалку 3 s. Доколку автоматиката за исклучување е деактивирана, ласерските зраци кратко трепкаат за потврда.

За да го активирате автоматското исклучување, исклучете го мерниот уред и повторно вклучете го.