Работа со батерии (опрема)
За работа со мерниот уред се препорачува користење на алкално-мангански батерии.
Поставете ги батериите во батерискиот адаптер (9). Притоа внимавајте на половите во согласност со приказот на внатрешната страна на адаптерот за батерии.
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од еден производител и со ист капацитет.
Поставете го адаптерот за батерии (9) во мерниот уред и вртете го вртливиот затворач (6) така што, окцето ќе може да се преклопи на адаптерот за батерии.
За отстранување на адаптетот за батерии (9) преклопете го окцето на вртливиот затворач (6) и завртете го за 90°. Извадете го адаптерот за батерии од мерниот уред.
- Ако не го користите мерниот уред подолго време, извадете ги батериите. При подолго складирање, батериите во мерниот уред може да кородираат.