Приказ на состојбата на наполнетост

Приказот за состојбата на наполнетост (1) при вклучен мерен уред ја прикажува актуелната состојба на наполнетост на литиум-јонскиот батериски пакет или на батериите.

Ако литиум-јонскиот батериски пакет или батериите ослабуваат, светлоста на ласерските линии полека се намалува.

Ако литиум-јонскиот батериски пакет или батериите се скоро испразнети, тогаш приказот за состојба на наполнетост (1) трепка постојано. Ласерските линии трепкаат на секои 5 min по 5 s.

Ако литиум-јонскиот батериски пакет или батериите се празни, ласерските линии и приказот за состојба на наполнетост (1) трепкаат уште еднаш, пред да се исклучи мерниот уред.