Работење со литиум-јонски батериски пакет
Ставање/менување на литиум-јонски батериски пакет
Поставете го литиум-јонскиот батериски пакет (10) во мерниот уред и вртете го вртливиот затворач (6) така што, окцето ќе може да се преклопи на литиум-јонскиот батериски пакет.
За отстранување на литиум-јонскиот батериски пакет (10) преклопете го окцето на вртливиот затворач (6) и завртете го за 90°. Извадете го литиум-јонскиот батериски пакет од мерниот уред.
Полнење на литиум-јонскиот батериски пакет
- За полнење, користете само USB-мрежен напојувач, чиј излезен напон и минимална излезна струја ги исполнуваат барањата во поглавјето „Технички податоци“. Почитувајте го упатството за користење на USB-мрежниот дел.
- Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на мрежниот напојувач.
- Полнете ја батеријата преку USB-приклучок само на амбиентални температури помеѓу +10 °C и +35 °C. Полнењето надвор од температурниот опсег може да ја оштети батеријата или да го зголеми ризикот од пожар.
Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.
Отворете го поклопецот на USB Type-C®-портата (7). Поврзете го USB-приклучокот во USB-мрежниот напојувач со USB-кабел (18). Поврзете го USB-мрежниот напојувач во струја.
Индикатор за промена на боја (5) | Значење |
---|---|
Жолта | Литиум-јонскиот батериски пакет е делумно наполнет. |
Зелена | Литиум-јонскиот батериски пакет е целосно наполнет. |
Црвена | Номиналниот напон или струјата за полнење не се соодветни. |
Кога полнењето ќе заврши, извадете го USB-кабелот (18). Затворете го капакот на USB Type-C®-портата (7) за заштита од прав и вода.