Совети при работењето

Пред секој почеток на работата проверете дали беспрекорно функционираат уредите за безбедност и активирање, како и дали се цврсто поставени завртките и навртките.
Веднаш исклучете го електричниот алат којшто е дефектен или не работи непречено од доводот на енергија и контактирајте со овластената Bosch -сервисна служба.

Не вршете недозволени интервенции на електричниот апарат. Не демонтирајте ги или блокирајте ги деловите на електричниот алат. Не извршувајте „Итни поправки“ со несоодветни средства.

Избегнувајте ослабување и оштетување на електричниот апарат, на пр. при:

  • забивање или гравирање,
  • доколку производителот не дозволил преправки,
  • испаѓање и туркање преку под,
  • употреба како чекан,
  • секој вид на употреба на сила.

При подолги паузи во работата и по завршување на работата исклучете го електричниот алат, извадете ја акумулаторската батерија и по можност испразнете го магацинот.

За прицврстувањата, следете ги спецификациите на производителот за материјалите што треба да се прицврстат, како и градежните планови на занаетите.

Проверете што се наоѓа под или зад Вашиот дел за обработка. Не ставајте шајки во ѕидови, плафони или подови, доколку зад нив има лица. Шајките може да навлезат во подлогата и да повредат некого.

Шајките мора секогаш да се забиваат вертикално во подлогата.

Не ставајте шајка врз веќе поставена шајка. Притоа шајката може да се деформира, да се заглават шајките или електричниот апарат да почне неконтролирано да се движи.

Проверете дали шајките се правилно поставени. За безбедно прицврстување, тие не смее да бидат премногу високи или премногу ниски или свиткани.

GNB 18V‑40: при поставување на елементи за прицврстување, погрижете се и клинците да се поставени правилно.

Ако бетонот се оштети од неуспешни процеси на набивање, тој мора да се поправи според признатите правила.

Следните информации може да ги најдете во документацијата на Bosch -шајки под
http://www.bosch-pt.com:

  • растојание на глава на шајка hNHS
  • ефективна должина на прицврстување hef
  • минимална дебелина на бетонскиот елемент h
  • минимално растојание помеѓу две шајки smin
  • минимално растојание на работ cmin
  • препорачани оптоварувања

Електричниот алат може да го користите за поставување посебно пластични или челични елементи за прицврстување на подлогата.

Примери за елементи за прицврстување:

Број на нарачка

Опис

1 600 A03 2G6

Стега за цевки 16 mm

1 600 A03 2G7

Стега за цевки 20 mm

1 600 A03 2G8

Стега за цевки 25 mm

1 600 A03 2G9

Стега за цевки 32 mm

1 600 A03 2GA

Стега за цевки 40 mm

1 600 A03 2GB

Држач за кабел (едностран) за 8 кабли

1 600 A03 2GC

Држач за кабел (двостран) за 16 кабли

1 600 A03 2GD

Држач за кабел за 20 кабли

1 600 A03 2GE

Држач за кабел за 40 кабли

1 600 A03 2GF

Стеги за кабел

1 600 A03 2GG

Стеги за кабел 8−32 mm

1 600 A03 2GH

Стеги за кабел 16−63 mm

Може да го најдете целиот асортиман на елементите за прицврстување на Bosch на www.bosch-pt.com.

  • Користете само елементи за прицврстување препорачани од Bosch за вашиот електричен алат. Користењето на недозволени елементи за прицврстување може да го оштети електричниот апарат и да предизвика повреди.

За пластични елементи за прицврстување, користете го тесниот контактен елемент (23) (види слика E).

За челични елементи за прицврстување, користете го стандардниот контактен елемент (17) (види слика F). Лизнете го магнетниот прстен (24) настрана преку врвот на контактниот елемент и закачете го на своето место.

Поставете елемент за прицврстување со предвидена дупка за клинец на контактниот елемент (23) или на магнетниот прстен (24).

  • Секогаш поставувајте само единечен елемент за прицврстување. Неколку елементи наредени еден врз друг може да доведат до повреди или оштетување.
  • Секогаш држете ги рацете на страната на отворот кога го поставувате елементот за прицврстување. Секогаш насочувајте го отворот подалеку од себе или од други лица. Не притискајте ги контактните елементи навнатре. Држете ги прстите понастрана од чкрапалото. Ненамерното вклучување може да предизвика отпуштање на клинец, што може да доведе до повреди или оштетување на електричниот алат.

Притиснете го контактниот елемент со елемент за прицврстување на подлогата. Започнете го процесот на набивање како и вообичаено.

Поставете ја длабочината на набивање со прекинувачот за граничник за длабочина (20) така што ќе се постигне точната вредност за растојанието на главата на шајката hNHS.

Шајката е премногу длабоко: притиснете го прекинувачот за граничник за длабочина (20) кон десно.
Ако шајките и понатаму се набиваат премногу длабоко, тогаш користете подолги шајки.

Шајката не е доволно длабоко: притиснете го прекинувачот за граничник за длабочина (20) кон лево.
Ако шајките и понатаму не се набиваат доволно длабоко, тогаш користете пократки шајки.

Отстранете ги блокадите кога приказот за статус (2) свети црвено или портокалово, или кога шајките повеќе не се набиваат точно.

  • Извадете ја батеријата (10). Испразнете го магацинот (12) и извадете го. Извадете го контактниот елемент (17).
  • Проверете го магацинот (12) и отстранете ја нечистотијата, остатоците и страните тела.
  • Проверете го контактниот елемент (17) и отстранете ги шајките, делчињата од шајките, остатоците или страните тела со клинот за пробивање (21). Внимавајте да не го оштетите контактниот елемент во процесот.
  • Повторно заменете ги еден по друг контактниот елемент (17), магацинот (12) и батеријата (10).
  • Притиснете го колчето (15) на лизгачот на магацинот (14) и турнете го кон отворот на магацинот додека не се фиксира.
  • Вклучете го електричниот алат.
  • Притиснете го копчето за ресетирање (4) и задржете 5 сек., додека статусот за приказ (2) не почне да трепка.
  • Притиснете го контактниот елемент (17) врз блок од дрво или слично и притиснете го чкрапалото (6). Ова му овозможува на моторот да го придвижи втиснувачот во правилна положба.
  • Ако е откриена друга грешка, електричниот алат не се враќа во нормален режим, туку понатамошната грешка се појавува на приказот за статус (2).

Потпорната ногарка (13) го олеснува вертикалното порамнување на електричниот алат на рамна подлога.

За работење на нерамна подлога, може да ја демонтирате потпорната ногарка (13). За да го направите ова, турнете ја наназад од магацинот (12).

Со куките за закачување (25) може да го прицврстите исклучениот електричен алат на соодветниот уред за закачување.

Завртете ја куката за закачување (25) со испорачаната завртка на куќиштето на електричниот алат (види слика G).

  • Проверете ја куката за закачување (25) да не е оштетена или деформирана.
    Не ја користете куката за закачување (25) доколку е оштетена, деформирана или не е добро прицврстена на електричниот уред.
  • Закачете го електричниот алат со куката за закачување (25) на стабилен уред за закачување.
    За да избегнете оштетување или повреди, уредот за закачување не смее да биде поставен над тротоарите или во непосредна близина на работни места.

Куката за закачување треба да се користи за закачување на електричниот алат и за додатоците за монтажа.

  • Никогаш не ја користете куката за закачување  за заштита од паѓање.

Доколку треба да го транспортирате електричниот алат, исклучете го, особено доколку користите скали или имате невообичаено движење на телото.

Заклучете го чкрапалото со прекинувачот за отклучување (5). На работното место држете го електричниот алат само за дршката (7) и со неактивирано чкрапало (6).