Изберете режим на работење

GDS 18V-350

Електричниот алат има 1 претходно дефиниран режим на работење: автоматско исклучување (ABR).

Поставете го електричниот алат на ротација налево.
Притиснете го копчето за режим (12), за да го активирате режимот на работење за автоматско исклучување (ABR).

Ако е активиран режимот на работење за автоматско исклучување (ABR), ќе се вклучи приказот за автоматско исклучување (ABR) (11).

Кога олабавувате навртка, притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (7) докрај за да ја активирате функцијата за автоматско исклучување (ABR).

При замена на батерија останува претходната поставка.

Напомена: приказот за автоматско исклучување (ABR) (11) се пали само кога е вклучена функцијата за автоматско исклучување (ABR). Електричниот алат мора да е поставен на ротација налево.

Напомена: автоматското исклучување (ABR) функционира само кога завртките или навртките се прицврстени. Прекинувачот за вклучување/исклучување (7) мора да се притисне докрај.