Вметнување на глодалката (види слика A)
- При ставање и менување на глодалката се препорачува носење на заштитни ракавици.
Според целта на примената, глодалките се достапни во најразлична изведба и квалитет.
Глодалките од висококвалитетен челик за брзо сечење (HSS) се погодни за обработка на меки материјали како на пр. меко дрво и пластика.
Глодалките за сечење на цврст метал (HM) се специјално наменети за цврсти и абразивни материјали како на пр. цврсто дрво и алуминиум.
Оригиналните глодалки од обемната програма на опрема од Bosch ќе ги најдете во специјализираните продавници.
Употребувајте само беспрекорни и чисти глодалки.
- Навалете го лостот за блокада на вретеното (6) во правец спротивен на стрелките на часовникот до крај (➊). Ев. свртете го рачно вретеното на моторот, додека не слушнете дека е вклопено.
- Цврсто затегнете ја претурната навртка (4) со вилушкаст клуч (31) (ширина на клучот 19 mm) со вртење во правец на стрелките на часовникот (➋).
- Ставете го алатот за глодање во затезната чаура. Вратилото на алатот за глодање мора да се вметне најмалку до ознаката во затезната чаура.
- Цврсто затегнете ја претурната навртка (4) со вилушкаст клуч (31) (ширина на клучот 19 mm) со вртење во правец спротивен на стрелките на часовникот. Целосно затворете го лостот за блокада на вретеното (6).
- Без монтирана копирна чаура, не поставувајте глодалка со дијаметар поголем од 50 mm. Овие алати за глодање не поминуваат низ основната плоча.
- Во никој случај не ја затегајте затегнувачката чаура со навртка за осигурување, доколку не е монтирана глодалка. Инаку, затегнувачката чаура може да се оштети.