Вметнување/менување на батеријата

За работа со мерниот уред се препорачува користење на алкално-мангански батерии.

Во зависност од капацитетот, можни се повеќе мерења со батерии од 1,2 V отколку со батерии од 1,5 V.

  1. Отворете го капакот на преградата за батерии.
  2. Ставете ги батериите одн. акумулаторските батерии внатре.
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од еден производител и со ист капацитет.
Притоа внимавајте на половите според приказот на внатрешната страна од преградата за батерии.

Доколку ознаката за празна батерија  се појави за првпат на екранот, можни се уште околу 100 мерења. Ако симболот за батерии трепка, тоа значи дека мерењата повеќе не се можни.