Управување преку апликацијата

Електричниот алат може да се опреми со Bluetooth®-модул, којшто со безжична технологија овозможува пренос на податоци до одредени мобилни уреди со Bluetooth®-интерфејс (на пр. паметен телефон, таблет).

За да може да го користите електричниот алат преку Bluetooth® потребна ви е Bosch-апликацијата „Bosch PRO360“. Преземете ја апликацијата преку соодветниот App-Store (Apple App Store, Google Play Store).

Потоа во апликацијата изберете ја потточката „My Tools“. Екранот на Вашиот мобилен уред ги покажува сите понатамошни чекори за поврзување на електричниот уред со крајниот уред.

Откако ќе се воспостави врска со крајниот уред, на располагање се следните функции:

Secure Socket Release

Приклучницата може да се заглави кога ги навртувате или олабавувате завртките и навртките. Ова може значително да се намали, ако е активирана функцијата „Secure Socket Release“. Електричниот алат накратко ја менува насоката на вртење на алатот за вметнување во спротивна насока.

Активирајте ја функцијата „Secure Socket Release“ преку апликацијата Bosch PRO360.