Напојување со енергија на надворешни уреди

Полнење на надворешните уреди преку USB-приклучокот

Со помош на USB-приклучокот може да се наполнат повеќето уреди, чиешто напојување со енергија е возможно преку USB (на пр. различни мобилни телефони). Максималната струја за полнење изнесува 1,5 A.

Отворете го заштитното капаче на преградата за приклучок (17). Поврзете го мрежниот напојувач со соодветен кабел со излезниот приклучок за надворешни уреди (16) на звучникот.

Звучникот мора да биде вклучен за да се полнат надворешни уреди.

Заради заштита од нечистотии повторно затворете го заштитното капаче на преградата за приклучок (17), ако го отстранувате кабелот за полнење.