Совети при работењето

Заштитете ги сечилата за пила од удари.

Насочете го електричниот алат рамномерно и со мал притисок во насоката на сечење за да добиете добар квалитет од сечењето. Прекумерното движење значително го намалува работниот век на алатите за вметнување и може да го оштети електричниот алат.

Јачината на пилата и квалитетот на сечењето значително зависат од состојбата и формата на запците на сечилото за пила. Затоа користете само остри и соодветни сечила за пила за делот што го обработувате.

Правилниот избор на сечило за пила зависи од видот, квалитетот на дрвото и од тоа дали ќе се прават должински или напречни резови.

При должински резови на смреки, настануваат долги, спирални струготини.

Правта што настанува при обработка на даб и бука е особено штетна по здравјето, затоа работете со всисувач за прав.

Паралелниот граничник (32) овозможува прецизни резови по должината на делот што се обработува, како на пример сечење на ленти со исти димензии.

Поставете ја саканата ширина на надворешниот раб на основната плоча со помош на скалата на водилките на паралелниот граничник/адаптерот за шините водилки.

За обработка на големи парчиња или за сечење на прави рабови, на делот што се обработува може да зацврстите една даска или лајсна како помошен граничник и да ја водите кружната пила со основната плоча по должината на помошниот граничник.

Со помош на шината водилка (34) може да правите праволиниски резови.

Напомена: Користете ја шината водилка (34) само за правоаголни резови. При сечење со закосување може да се оштети шината водилка (34).

Лепливиот слој го спречува лизгањето на шината водилка и ја негува површината на делот што се обработува. Облогата на шината водилка овозможува лесно лизгање на електричниот алат.

Зацврстете ја шината водилка (34) со соодветни уреди за затегнување, на пр. менгеме, на делот што се обработува. Поставете го електричниот алат со монтираниот адаптер за шини водилки на шината водилка.

Напомена: Монтирајте го паралелниот граничник/адаптерот за шините водилки (32) со логото на Bosch надолу на електричниот алат.

Шината водилка (34) не смее да биде издадена на страната на делот што треба да се сече.

Вклучете го електричниот алат водете го рамномерно со лесен притисок во правецот на сечење.

Најпрво монтирајте го адаптерот за всисување (29) со цревото за всисување (30) и потоа паралелниот граничник/водечкиот адаптер (32).

Напомена: За фиксирање на паралелниот граничник/водечкиот адаптер (32) и адаптерот за всисување (29) употребувајте ги само предвидените завртки!