Подесување на вертикалниот агол на закосување
Вертикалниот агол на закосување може да се поставува во опсег од 47° (на левата страна) до 47° (на десната страна).
За брзо и прецизно подесување на често користени вертикални агли на закосување, предвидени се фиксни позиции за агли од 0°, 22,5° и 45°.
- Осигурете се, дека тркалото за стегање (45) е монтирано види Монтирање на тркалото за стегање (види слика A2).
Поставување на вертикални стандардни агли на закосување (види слика L)
- Извлечете ја подесливата гранична водилка (26) целосно нанадвор одн. целосно извадете ја.
- Олабавете го тркалото за стегање (45).
- Извлечете го лостот за блокада (46) нанадвор и фиксирајте го во слободна позиција.
Притоа можете да го користите целиот опсег на аголот на закосување (лево и десно). - Навалете ја рачката на алатот со дршката (7) кон лево или десно, се додека агломерот (28) не го покажува посакуваниот вертикален стандарден агол на закосување.
- Свртете го лостот за блокада (46). Лостот за блокада мора осетно да се вклопи во положбата на саканиот стандарден вертикален агол на закосување.
- Повторно затегнете го тркалото за стегање (45).
Поставување на вертикален агол на закосување
- Извлечете ја подесливата гранична водилка (26) целосно нанадвор одн. целосно извадете ја.
- Олабавете го тркалото за стегање (45).
- Извлечете го лостот за блокада (46) нанадвор и фиксирајте го во слободна позиција.
Притоа можете да го користите целиот опсег на аголот на закосување (лево и десно). - Навалете ја рачката на алатот со дршката (7) кон лево или десно, се додека агломерот (28) не го покажува посакуваниот агол на закосување.
- Повторно затегнете го тркалото за стегање (45).