Монтирање на опремата за всисување (види слика C)
Цревото за всисување (27) е опремено со систем со стеги, со којшто може да се приклучи опремата за всисување (адаптер за всисување (25), свиткана млазница (28)).
Монтирање на млазниците и цевките
- Ставете ја свитканата млазница (28) на цревото за всисување (27), додека не слушнете да се вклопат двете копчиња на притискање (37) на цревото за всисување.
- Потоа прицврстете ја саканата опрема за всисување (подна млазница, млазница за фуги, цевка за всисување итн.) на заоблената млазница (28).
- За демонтирање, притиснете на двете копчиња на притискање (37) навнатре и извлечете ги деловите еден од друг.
Монтирање на адаптерот за всисување
- Ставете го адаптерот за всисување (25) на цревото за всисување (27), додека двете копчиња на притискање (37) не слушнете да се вклопат на цревото за всисување.
- За демонтирање, притиснете на двете копчиња на притискање (37) навнатре и извлечете ги деловите еден од друг.