Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за сечење и четкање на метал, камен, пластика и композитен материјал, за грубо брусење на метал, пластика и композитен материјал како и за дупчење во камени материјали со дијамантска крунеста бургија без употреба на вода. Притоа, осигурајте се дека користите правилна заштитна хауба види Употреба.
При сечењето во камен погрижете се за доволно вшмукување на правта.
Со дозволените алати за брусење електричниот алат може да се користи за брусење со брусна хартија.
Електричниот алат не смее да се користи за брусење камени материјали со дијамантска лончеста плоча.
(GWX 18V-15 C / GWX 18V-15 SC / GWX 18V-15 PSC)
Податоците и подесувањата на електричниот алат може да се пренесат при активиран Bluetooth® Low Energy Module GCY 42 (не е вклучено во стандардниот обем на испорака) со помош на Bluetooth® радио технологијата меѓу електричниот алат и мобилниот уред.