Ставање во употреба на ротациониот ласер
- Одржувајте го работниот простор без пречки кои може да го рефлектираат или попречат ласерскиот зрак. На пр., покријте ги рефлектирачките или сјајните површини. Не мерете преку стаклени панели или слични материјали. Може да се добијат погрешни резултати од мерењето преку рефлектирачки или попречен ласерски зрак.
Хоризонтална положба
Вертикална положба
Поставете го мерниот уред на стабилна подлога во хоризонтална и вертикална положба, монтирајте го на стативот (43) или на ѕидниот држач (44) со единицата за израмнување.
Поради големата точност на нивелирање, мерниот уред реагира многу осетливо на потреси и промени на положбата. Осигурајте стабилна позиција на мерниот уред, за да се избегнат прекини на работата поради дополнително нивелирање.
Главните функции на мерниот уред можe да се контролираат преку копчињата на мерниот уред или преку далечинскиот управувач (40). Дополнителни функции се достапни преку далечинскиот управувач (40), на ласерскиот приемник (41) или преку Bosch Levelling Remote App види Преглед на можности за контролирање на функциите.
За приказот на екранот (15) на мерниот уред важи:
- Со првото притиснување на функционално копче (на пр. копче за линиски режим (5)) ќе се прикажат моменталните поставки на функцијата. Со следното притиснување на функционалното копче поставките ќе се променат.
- Во долното поле на екранот во различни менија се прикажуваат Softkey-ознаки (i). Со соодветните, функционални копчиња (Softkeys) поставени на екранот може да се извршуваат функции претставени со ознаки (i) (види слика B). Ознаките ги прикажуваат функционалните копчиња кои може да се користат, во зависност од соодветното мени (на пр. во менито за ротационен режим копчето за ротационен режим (6)) или дополнителни функции како понатаму (), назад () или потврдување ().
- Со Softkey-ознаките (i) исто така се препознава, дали копчињата копче за косина надолу/копче за вртење во правец на стрелките на часовникот (3) како и копче за косина нагоре/копче за вртење во правец спротивен на стрелките на часовникот (4) во актуелното мени служат за накосување нагоре (▼) или надолу (▲) или за вртење во правец на стрелките на часовникот () одн. во правец спротивен на стрелките на часовникот ().
- 5 s по последното притискање на копчето, приказот автоматски се враќа на почетниот екран.
- Со секое притискање на копчето одн. секој сигнал, што стигнува до мерниот уред, на екранот свети (15). Светлото се гаси по околу 1 min по последното притискање на копчето.
Косината одн. вртењето во различни функции може да се забрза, кога соодветните копчиња за косина или вртење на мерниот уред одн. на далечинскиот управувач се подолго притиснати.
При исклучување на мерниот уред сите функции се ресетираат на стандардни поставки.
Напомена: Направете проверка за точноста секогаш по првата употреба како и пред да секое почнување со работа види Контрола на точноста на мерниот уред.
За вклучување на мерниот уред притиснете на копчето за вклучување/исклучување (11). За неколку секунди ќе се појави секвенца за стартување, а потоа почетниот екран. Мерниот уред пушта варијабилен ласерски зрак (8) како и точката на вертикалата нагоре (10) од излезните отвори (9).
- Не го насочувајте зракот светлина кон лица или животни и не погледнувајте директно во него, дури ни од голема оддалеченост.
Нивелирањето започнува автоматски и се прикажува со ознака за нивелирање на екранот, ласерските зраци што трепкаат и приказот за статус (12) што трепка зелено види Автоматика за нивелирање.
По успешно нивелирање, се појавува почетниот екран, ласерските зраци светат непрекинато, ротацијата започнува и приказот за статус (12) свети зелено непрекинато.
- Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор и исклучете го по употребата. Другите лица може да се заслепат од ласерскиот зрак.
За исклучување на мерниот уред задржете го притиснато копчето за вклучување/исклучување (11) додека не се појави ознаката за исклучување на екранот.
При надминување на највисоката дозволена работна температура од 50 °C за неколку секунди се појавува порака за предупредување и приказот за статус (12) свети црвено.
Потоа мерниот уред автоматски се исклучува заради заштита на ласерската диода. Откако ќе се олади, мерниот уред е повторно подготвен за работа и може одново да се вклучи.
Во состојба на испорака мерниот уред и испорачаниот далечински управувач (40) како и испорачаниот ласерски приемник (41) веќе се поврзани преку Bluetooth®.
За да ги поврзете далечинскиот управувач или ласерскиот приемник, задржете го притиснато копчето Bluetooth® (7) додека на екранот не се појави ознаката за воспоставување на врска со далечинскиот управувач/ласерскиот приемник.
За да воспоставите врска со далечинскиот управувач притиснете го истовремено копчето за вртење во правец спротивен на стрелките на часовникот (29) и копчето за вртење во правец на стрелките на часовникот (36) на далечинскиот управувач, додека приказите за статус (33) и (34) не започнат да трепкаат. Додека се воспоставува врска со далечинскиот управувач, трепкаат зелено наизменично приказите за статус на далечинскиот управувач.
За воспоставување врска со ласерскиот приемник, држете ги притиснати истовремено копчињата за X‑оска и Y‑оска на ласерскиот приемник, додека не се појави известувањето за воспоставување врска на ласерскиот приемник. Притоа внимавајте на упатството за користење на ласерскиот приемник.
Успешното воспоставување на врска со далечинскиот управувач одн. ласерскиот приемник се потврдува на екранот.
При успешно воспоставување на врска со далечинскиот управувач приказот за статус (33) и (34) на далечинскиот управувач свети за 3 s зелено.
Ако не може да се воспостави врска, на екранот се појавува порака за грешка.
Ако воспоставувањето на врска со далечинскиот управувач е неуспешно, приказот за статус (33) и (34) на далечинскиот управувач свети за 3 s црвено.
2 ласерски приемници можат истовремено да се поврзат со мерниот уред и да работат со мерниот уред.
Ако се поврзат дополнителни далечински управувачи или ласерски приемници, најстарата врска се брише.
Мерниот уред е опремен со Bluetooth®-модул, којшто со помош на безжична технологија дозволува далечинско управување со помош на паметен телефон со Bluetooth®-интерфејс.
За користење на оваа функција потребна е апликацијата (App) „Bosch Levelling Remote App“. Неа можете да ја преземете од соодветниот App-Store во зависност од крајниот уред (Apple App Store, Google Play Store).
Информации за потребните системски предуслови за Bluetooth®-врска ќе најдете на интернет страната на Bosch на www.bosch-pt.com.
При далечинско управување со помош на Bluetooth® може да настанат временски одложувања помеѓу мобилниот и мерниот уред поради лоши услови за прием.
Функцијата Bluetooth® се вклучува стандардно.
За исклучување на Bluetooth® за далечинското управување преку апликацијата, притиснете го копчето Bluetooth® (7). На почетниот екран се гаси приказот за врска преку Bluetooth® (b).
За повторно вклучување на Bluetooth® за далечинското управување преку апликација, кратко притиснете го копчето Bluetooth® (7). Ознаката за воспоставување на врска со паметен телефон се појавува на екранот.
Проверете дали, интерфејсот за Bluetooth® е активиран на Вашиот мобилен уред.
Успешното воспоставување на врска се потврдува на екранот. На почетниот екран се препознава постоечката врска на приказот за врска преку Bluetooth® (b).
Ако не може да се воспостави врска, на екранот се појавува порака за грешка.
По старт на Bosch-апликацијата се воспоставува врска помеѓу мобилниот и мерниот уред. Доколку се пронајдени повеќе активни мерни уреди, изберете го соодветниот мерен уред. Доколку е пронајден само еден активен мерен уред, се воспоставува автоматска врска.
Врската преку Bluetooth® може да се прекине поради големото растојание или пречки помеѓу мерниот и мобилниот уред, како и поради електромагнетски извори на пречки. Во овој случај, повторното воспоставување на врска стартува автоматски.
При паузи во работата можете да го ставите мерниот уред во режим на мирување. Притоа сите поставки се зачувуваат.
За вклучување на режимот на мирување кратко притиснете на копчето за вклучување/исклучување (11). Во следното мени притискајте го постојано копчето за вклучување/исклучување (11), додека не го изберете режимот на мирување. Потврдете го вашиот избор со , со притискање на копчето за подесување на косината (14).
Алтернативно режимот на мирување можете да го вклучите со притискање на копчето за режим на мирување (27) на далечинскиот управувач.
При вклучен режим на мирување на екранот ќе се појави ознаката за режим на мирување. Приказот за статус (12) трепка зелено со бавно темпо. Функцијата за предупредување за удар останува активна, сите поставки се зачувуваат.
За исклучување на режимот на мирување кратко притиснете на копчето за вклучување/исклучување (11) на мерниот уред или на копчето за режим на мирување (27) на далечинскиот управувач.
Мерниот уред може да го исклучите кога е во режим на мирување. Држете го притиснато копчето за вклучување/исклучување (11) додека не се појави ознаката за исклучување на екранот. Сите други копчиња на мерниот уред и далечинскиот управувач се деактивирани.
Вклучувањето/исклучувањето на режимот на мирување исто така е можно преку Bosch Levelling Remote App.
Копчињата на мерниот уред и далечинскиот управувач може да се блокираат преку Bosch Levelling Remote App. На екранот на мерниот уред се појавува ознаката за блокада на копчиња.
Блокадата на копчиња може да се откаже како што следува:
- преку Bosch Levelling Remote App,
- со исклучување и вклучување на мерниот уред преку копчето за вклучување/исклучување (11)
- или со истовремено притискање на копчињата ▲/ (4) и ▼/ (3) на мерниот уред.