Ставање во употреба
Воспоставете врска помеѓу GCA 30-42 и GCT 30-42
- Проверете дали модулот на предавателот GCT 30-42 е блиску до модулот на приемникот GCA 30-42.
- Вметнете го струјниот приклучок на всисувачот во приклучницата.
- Поставете го прекинувачот на всисувачот на „Старт/Стоп-автоматика“.
- Вметнете го модулот на приемникот GCA 30-42 (1) со приклучокот (4) во приклучницата на всисувачот.
- Приказот на статус со симбол за автоматско стартување (2) трепка во сина боја.
- Притискајте го копчето за старт/стоп (7) на модулот на предавателот GCT 30-42 додека LED-приказот за статус (6) не трепне двапати во сина боја.
LED-приказот за статус (6) на модулот на предавателот GCT 30-42 кратко свети во сина боја.
Воспоставена е врска:
- Приказот за статус со симболот за автоматско стартување (2) на модулот на приемникот GCA 30-42 свети во зелена боја.
- LED-приказот за статус (6) на модулот на предавателот GCT 30-42 кратко свети во зелена боја.
Кога менувате копчеста батерија, се применува следново:
- Ако модулот на предавателот GCT 30-42 бил поврзан со модулот на приемникот GCA 30-42 пред да се смени копчестата батерија, врската автоматски се воспоставува повторно откако ќе се смени копчестата батерија.
- Ако немало воспоставена врска пред да се смени копчестата батерија, врската мора да се воспостави.
По ресетирање, модулите на предавателот и приемникот мора повторно да се поврзат.