Безбедносни напомени за ротациски ласер и далечински управувач
Да се прочитаат и почитуваат сите упатства, за безопасно и безбедно работење. Ако не се следат овие упатства, интегрираните заштитни мерки може да бидат нарушени. Никогаш не ги оштетувајте предупредувачките знаци. ДОБРО ЧУВАЈТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА И ПРЕДАДЕТЕ ГИ ЗАЕДНО СО ПРОИЗВОДИТЕ.
- Внимание – доколку користите други уреди за подесување и ракување освен овде наведените или поинакви постапки, ова може да доведе до опасна изложеност на зрачење.
- Мерниот уред се испорачува со ознака за предупредување за ласерот (означено на приказот на мерниот уред на графичката страна).
- Доколку текстот на ознаката за предупредување за ласерот не е на Вашиот јазик, врз него залепете ја налепницата на Вашиот јазик пред првата употреба.
- Не правете промени на ласерскиот уред.
- Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како заштитни очила. Ласерските заштитни очила служат за подобро распознавање на ласерскиот зрак; сепак, тие не штитат од ласерското зрачење.
- Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како очила за сонце или пак во сообраќајот. Ласерските очила не даваат целосна UV-заштита и го намалуваат препознавањето на бои.
- Производите смее да ги поправа само квалификуван стручен персонал и само со оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста.
- Не ги оставајте децата да го користат ласерскиот мерен уред без надзор. Без надзор, тие може да се заслепат себеси или други лица.
- Не работете во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Се создаваат искри, кои може да ја запалат правта или пареата.
Дополнителни безбедносни напомени за GRL 250 HV:
Не го насочувајте ласерскиот зрак кон лица или животни и немојте и Вие самите да гледате во директниот или рефлектирачкиот ласерски зрак. Така може да ги заслепите лицата, да предизвикате несреќи или да ги оштетите очите. |
- Доколку ласерскиот зрак доспее до очите, веднаш треба да ги затворите и да ја тргнете главата од ласерскиот зрак.
Дополнителни безбедносни напомени за GRL 300 HV, GRL 300 HVG:
- Отворите за ласерот се означени со налепница за предупредување на мерниот уред. Внимавајте на нивната позиција при користење на мерниот уред.
- Доколку текстот на соодветната налепница за предупредување не е на вашиот јазик, врз него залепете ја налепницата на вашиот јазик пред првата употреба.
- При користењето на ласер со класа на ласер 3R, обрнете внимание на можните национални прописи. Непридржувањето кон овие прописи може да доведе до повреди.
- Мерниот уред може да се користи од лица, кои знаат да ракуваат со ласерски уреди. Според EN 60825‑1 м. д. спаѓа знаењето за биолошкото дејство на ласерот на очите и кожата, како и правилната употреба на ласерска заштита за избегнување на опасности.
- Означете го полето, каде ќе се користи мерниот уред, со соодветни налепници за предупредување за ласерот. На тој начин ќе избегнете, непознатите лица да се приближат до опасните зони.
- Не го складирајте го мерниот уред на места, каде имаат пристап неовластени лица. Лицата кои не се запознаени со користењето на мерниот уред, може да си наштетат себе си и на другите.
Не го насочувајте ласерскиот зрак кон лица или животни и не погледнувајте во него. Овој мерен уред создава ласерски зраци од класата на ласер 3R според EN 60825-1. Директен поглед во ласерскиот зрак – и од голема оддалеченост – може да ги оштети очите. |
- Погрижете се, полето на ласерското зрачење да биде надгледувано или заштитено. Со ограничување на ласерското зрачење на контролирани полиња ќе ги избегнете оштетувањата на очите на неовластените лица.
- Мерниот уред секогаш поставувајте го, така што ласерските зраци ќе поминуваат доста погоре или подолу од висината на очите. На тој начин ќе бидете сигурни, дека нема да се оштети окото.
- Избегнете ги рефлексиите од ласерскиот зрак на мазни површини како на пр. прозори или огледала. Оштетувањето на очите е возможно и од рефлектирачки ласерски зрак.