Примери за работа
Поставете го мерниот уред во хоризонтална положба на цврста подлога или монтирајте го на статив (32).
Работење со статив: израмнете го ласерскиот зрак на саканата висина. Пренесете ја одн. проверете ја висината на целното место.
Работење без статив: одредете ја висинската разлика помеѓу ласерскиот зрак и висината на референтната точка со помош на целната табла на ласерот (41). Пренесете ја одн. проверете ја измерената висинска разлика на целното место.
Доколку треба да се нанесе прав агол или да се израмнат меѓуѕидовите, мора да ја израмните точката на вертикалата нагоре (9) паралелно, т. е. на исто растојание со референтната линија (на пр. ѕид).
За ова, поставете го мерниот уред во вертикална положба и позиционирајте го на тој начин што точката на вертикалата нагоре ќе оди скоро паралелно на референтната линија.
За точно позиционирање измерете го растојанието меѓу точката на вертикалата нагоре и референтната линија директно на мерниот уред со помош на целната табла за ласерот (41). Измерете го одново растојанието помеѓу точката на вертикалата нагоре и референтата линија во што е можно поголемо растојание од мерниот уред. Насочете ја точката на вертикалата нагоре, така што ќе има исто растојание до референтната линија, како и при мерењето директно на мерниот уред.
Ќе се прикаже правиот агол до точката на вертикалата нагоре (9) со варијабилниот ласерски зрак (6).
За прикажување на вертикала одн. вертикално ниво, поставете го мерниот уред во вертикална положба. Доколку вертикалното ниво треба да биде под прав агол до референтната линија (на пр. ѕид), тогаш израмнете ја точката на вертикалата нагоре (9) на оваа референтна линија.
Вертикалата се прикажува преку варијабилниот ласерски зрак (6).
За да ја израмните ласерската линија или ротационото ниво на една референтна точка на ѕид, поставете го мерниот уред во вертикална положба и израмнете ја ласерската линија одн. ротационото ниво грубо на референтната точка. За точно израмнување со референтната точка, вртете го ротационото ниво околу вертикалната оска види Вртење на ротационото ниво во вертикална положба (види слика B).